свет

Европска Унија го повика Иран да се врати на преговорите за нуклеарната програма

- Борел кажа дека дипломатите на ЕУ „одлучиле ЈСПОА да го вратат на прав пат“ и „посветено да работат на враќањето на преговорите во Виена“, но додаде дека преговорите нема да продолжат во четврток, и покрај пишувањето од страна на некои медиуми.

Ekip  | 19.10.2021 - Обновена : 20.10.2021
Европска Унија го повика Иран да се врати на преговорите за нуклеарната програма

БРИСЕЛ

Европска Унија (ЕУ) го повика Иран што порано да се врати на преговорите за нуклеарната програма, кажа комесарот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел во понеделникот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„На Иранците јасно им нагласивме дека времето не е на нивна страна. Подобро е да се вратат на преговарачката маса“, изјавил Борел за медиумите по состанокот на министрите за надворешна политика на ЕУ во Луксембург.

Борел информираше дека дипломатите на ЕУ „одлучиле ЈСПОА да го вратат на прав пат“ и „посветено да работат на враќањето на преговорите во Виена“, но додаде дека преговорите нема да се продолжат во четврток, и покрај пишувањето од страна на некои медиуми.

Тој потсети дека на маргините на Генералното собрание на ОН во септември во Њујорк се одржал состанок со неодамна именуваниот министер за надворешни работи на Иран, Хусеин Амир Абдолахиан и дека Европската служба за надворешни работи, минатата недела во Техеран пратила нов тим за да разговара со иранските партнери.

Дипломатијата на ЕУ вложува големи напори за Иран и САД да се вратат на преговарачката маса.

Последната рунда на преговори помеѓу Техеран и Вашингтон се одржа во Виена во јуни.

Иранскиот нуклеарен договор во 2015 го потпишаа Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Обединетото Кралство, Германија и ЕУ.

Во согласност со договорот, Техеран се обврза да ги ограничи нуклеарните активности на граѓански цели, а за возврат светските сили се согласија да ги укинат економските санкции кон Иран.

Меѓутоа, САД, во текот на мандатот на бившиот претседател Доналд Трамп, еднострано се повлече од договорот во 2018 година и повторно воведе санкции кон Иран, што го наведе Техеран да престане да се придржува кон нуклеарниот договор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın