Qais Omar Darwesh Omar,Mahmut Geldi
11 Април 2024•Ажурирај: 13 Април 2024
НАБЛУС (АА) - Еврејските доселеници запалија куќа и возило на Палестинците во северниот дел на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Јакуб Увејс, претседател на локалниот совет на селото Лубен ал-Шаркија во градот Наблус на Западниот Брег, рече дека радикалните еврејски доселеници го нападнале селото.
Тој изјави дека радикалните еврејски доселеници се инфилтрирале во селото ноќта и запалиле палестинска куќа и возило.
Увејс рече дека напаѓачите напишале и хебрејски слогани на палестинските куќи.
Од 7 октомври минатата година кога израелската Армија ја започна својата офанзива на Појасот Газа, има зголемени рации и напади на израелските војници и еврејските доселеници против Палестинците на окупираниот Западен Брег и во Источен Ал Кудс (Ерусалим).
Од 7 октомври, во нападите на израелските војници и илегалните еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс загинаа 460 Палестинци.