свет

Досега се регистрирани 61 загинат во пожарот во трговски центар во Кут, Ирак

- Ирачките власти истакнаа дека ќе поднесат тужба против сопственикот на трговскиот центар и дека причината за пожарот ќе ја објават во рок од 48 часа.

Haydar Karaalp  | 17.07.2025 - Обновена : 17.07.2025
Досега се регистрирани 61 загинат во пожарот во трговски центар во Кут, Ирак фото : /AA

БАГДАД (АА) - Досега 61 лице го загуби животот во пожарот што избувна во трговски центар во Кут, Ирак, известува Анадолу.

Во писменото соопштение на ирачкото Министерство за внатрешни работи се наведува дека 61 лице загинало во пожарот во трговскиот центар „Хипермаркет“ во градот Кут.

Ирачкото МВР во соопштението информира дека поради густиот чад што ја зафатил зградата, повеќето од жртвите биле заробени тоалетите и починале од задушување.

Гувернерот на Кут, Мохамед Џамил Мејахи, за ирачката официјална новинска агенција ИНА изјави дека причината за пожарот ќе биде објавена во рок од 48 часа.

Тој најави дека ќе поднесат тужба против сопственикот на трговскиот центар и соопшти дека во градот е прогласена тридневна жалост.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın