Büşra Selvi Öğütcen
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
ДАКА
Досега 34 луѓе ги загубија своите животи при превртувањето на траектот што се судри со товарен брод на 4 април во Бангладеш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нахида Барик, официјална претставничка на локалната самоуправа, рече дека во тек се операциите за пребарување и спасување на луѓето што исчезнале по ударот на товарниот брод во траектот во реката Шиталакхаја, која минува низ средината на градот Нарајангањ.
Барик изјави дека бројот на смртни случаи се зголемил на 34, бидејќи тимовите и луѓето од регионот ги пронашле телата на уште 9 лица.
Не се знае точната бројка на патници што се наоѓале на превртениот траект, бидејќи сопствениците на траектите не водат секогаш список со патници.
- Започната истрага во врска со несреќата
Властите објавија дека, според официјалните податоци, на траектот се наоѓале најмалку 50 лица, но дека точниот број патници ќе можат да го потврдат откако ќе заврши операцијата за спасување.
Еден од спасените патници рече дека траектот превезувал многу повеќе патници од неговиот капацитет.
Во Бангладеш, низ кој минуваат голем број реки, многу честа појава во бродскиот транспорт се несреќите со траекти кои често се користат.