Ali Cura
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека влезот на Украина во НАТО ќе ја влоши кризата во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков одговараше на новинарските прашања во врска со подготвеноста на Украина да влезе во НАТО и ситуацијата во Донбас.
Наведувајќи дека влезот на Украина во НАТО нема да помогне во решавањето на внатрешната криза во земјата, Песков рече: „Од наша гледна точка, тоа ќе ја влоши ситуацијата. Бидејќи кога се зборува за влез во НАТО, ставовите на луѓето не можат да се игнорираат.“
На прашањето за тоа што се случува во Донбас, Песков нагласи дека членството во НАТО ќе биде неприфатливо за луѓето таму.
Наведувајќи дека администрацијата во Киев нема намера „да се оддалечи од агресијата“ и „да се смири“, Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин ја изразил својата загриженост за ситуацијата во Украина пред германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој рече дека, исто така, таа загриженост е пренесена и до другите главни градови.
Песков изрази надеж дека ништо нема да ја предизвика украинската Армија да иницира вооружена акција против сопствениот народ.
Оценувајќи го очекувањето на Вашингтон за објаснување на воената акција на Русија, Песков рече:
„Претходно дадовме изјава за ова. Немаме што да додадеме на изјавата што ја дадовме за ова прашање.“
Во телефонскиот разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, украинскиот претседател Владимир Зеленски, истакнувајќи дека се решени да ги реформираат армискиот и одбранбениот сектор во Украина, рече: „Само реформите нема да ја запрат Русија. НАТО е единствениот пат да се стави крај на војната во Донбас.“