Adham Kako
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека документирала 24.746 жени кои се убени за време на граѓанската војна во Сирија од март 2011 до ноември 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
SNHR со јавноста ги сподели податоците за бројот на жени кои во 7-годишниот период на граѓанска војна во Сирија ги загубија своите животи.
Според спроведеното истражување на SNHR, досега се документирани 24.746 жени кои ги загубиле своите животи во граѓанската војна во Сирија, истакнувајќи дека станува збор само за жени за кои е извршшена точна идентификација.
Во изештајот на SNHR се наведува дека со точни докази идентификувани се 20.919 жени кои загинале во нападите од страна на режимот на Асад.
Во извештајот се додава дека по вклучувањето на Русија во судирите, која и дава возушна поддршка на режимот на Асад, докажано е дека се убиени 988 жени во воздушните напади што ги изведе Русија од септември 2015 година досега.
Документирано е дека во напади од страна на терористичката организација ДЕАШ или поради мини поставени од оваа организација досега се убиени 573 жени, додека во повремените напади на терористичката организација ПКК/ПЈД, убиени се 136 жени.
Во извештајот што го објави оваа мрежа, се вели дека во воздушните напади кои ги спроведоа меѓународните коалициските сили во борбата против ДЕАШ во Сирија, животот го загубиле 611 жени.
Во судирите меѓу воената опозиција и вооружените групи кои се борат против режимот, животот го загубиле 963 жени, додека во истиот извештај се вели дека во напади извршени од непознат сторител животот го загубиле 556 жени.
- Смрт поради тортура
Во извештајот се вели „Документирано е дека од март 2011 до ноември 2017 година, 57 жени се жртва на тортура од страна на завојуваните страни”.
Според извештајот на SNHR, 41 жена се жртва на тортура од страна на режимот во Сирија, 13 од страна на ДЕАШ, 2 од ПКК/ПЈД и 1 жена од страна на вооружената опозиција.
- Приведувања
SNHR има утврдено дека најмалку 8.289 жени се приведени од страна на завојуваните страни во Сирија.
Според овој извештај, 6.736 жени се приведени од страна на режимот, 959 од страна на вооружената опозиција и вооружените групи кои се борат против режимот, 257 од страна на ПКК/ПЈД и 337 од страна на ДЕАШ.
Во извештајот се истакнува дека е потребно силите на режимот и неговите поддржувачи веднаш да ги запрат злосторствата што ги извршуваат врз жените, повикувајќи ги Обединетите нации веднаш да стапат во акција за да ги заштитат жените затечени од судирите во Сирија.