Övünç Kutlu
06 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Понудата на „Мајкрософт“ од 68,7 милијарди долари за купување на производителот на видеоигри „Активижн близард“ (Activision Blizzard) се соочува со истрага во Велика Британија, објави Управата за конкуренција и пазари (CMA), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британската агенција за заштита на конкуренцијата во соопштението наведе дека разгледува дали спојувањето би резултирало со значајно намалување на конкуренцијата на кој било пазар во државата.
Исто така, се вели дека истрагата ќе разгледа и „дали договорот може да ѝ наштети на конкуренцијата и да доведе до полоши резултати за потрошувачите - на пример, преку повисоки цени, понизок квалитет или намален избор“.
CMA го одреди датумот 1 септември како краен рок за својата прва фаза на одлучување и ги покани релевантните и трети страни да коментираат за договорот помеѓу 6 и 20 јули.
„Активижн близард“ има популарни франшизи за видеоигри како што се „Call of Duty“, „Guitar Hero“, „Warcraft“ и „Candy Crush“.