Ali Cura
06 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека побарувачката за руско жито е голема, но дека има многу пречки за негово влегување на светскиот пазар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите во врска со актуелните прашања, Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин работи на испораката на жито и дека во однос на тоа прашање ќе се сретне со релевантната компанија.
„Особено во сегашната ситуација, доколку направиме оценка според потребите, побарувачката за нашето жито ќе биде многу голема. Но има многу пречки на патот кон светските пазари на кои тоа им е потребно“, рече Песков.
Песков подвлече дека овие пречки се појавија „пред сѐ, поради незаконските санкции и ограничувања наметнати од земјите на Европската Унија“.
Во својот одговор на прашање за преговорите за извоз на жито од украинските пристаништа и улогата на Русија, Песков потсети на вчерашната изјава на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, дека се отворени два коридори за излез на бродови.