Dildar Baykan
09 Март 2019•Ажурирај: 10 Март 2019
ЊУЈОРК/БОГОТА/БУЕНОС АИРЕС (АА) - По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, илјадници жени низ светот излегоа на улиците за да укажат на кршењето на женските права и повикаа на завршување на насилството кое се врши врз лицата од женскиот пол, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број жени се собраа на познатиот њујоршки плоштад „Унион“, каде што повикаа на почитување на женските права. На протестите се гледаше и маскотата на американскиот претседател Доналд Трамп, а демонстрантките носеа и транспаренти на кои е барано подобрување на условите за работа.
Во текот на протестите во Њујорк преземени се опсежни безбедносни мерки.
Протестите се одржани и во колумбиската Богота. Илјадници луѓе, повеќето жени, се собраа на подрачјето Сана Феа. Извикуваа слогани за заштита на женските права.
Слична беше ситуацијата и во бразилскиот Сао Паоло каде што по повод Денот на жената се собраа илјадници луѓе.
Протестната прошетка е одржана и во аргентискиот Буенос Аирес. На улиците излегоа илјадници луѓе, претставници на различни невладини здруженија, на политички организации и борци за женски права.
Некои жени носеа сириски знамиња, сакајќи на овој начин да укажат на жените - жртви на војната во Сирија.