Vesna Besiç
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) - Со читање на имињата на 102 убиени приједорски деца пред сараевската Катедрала одбележан е 31 мај - Ден на белите ленти, јавува Anadolu Agency (AA).
Учениците на сараевското основно училиште Фатима Гуниќќ учествуваа во перформансот пред катедралата, каде беа наредени клупи со имињата на убиените приједорски девојчиња и момчиња.
По секое прочитано име, по едно дете стана од клупа после што улилницата остана празна. На овој начин сакаа да покажат дека убиените приједорски деца не се само бројка туку живи суштества кои веќе ги нема.
Денес се навршуваат точно 24 години откако српските власти во Приједор им наредија на Бошњаците и на Хрватите во тој град своите домови да ги одбележат со бели знамиња или чаршафи и при движењето на јавните места на ракавите да носат бели ленти. Целта беше да се знае кој каде живее. Потоа дојде до носење, апсења, масовни убиства, одземање на имотите на небошњаците во Приједор.
И граѓаните на Сараево се солидализираат со приједорските жртви. Во познатата сараевска улица Ферхадија голем е бројот на луѓе кои на рака носат бела лента. На овој начин порачуваат дека злосторството во Приједор не смее повеќе никогаш и на никого да му се повтори. Белиот чаршаф е истакнат и на прозорецот од зградата во која се наоѓаат просториите на Сојузот на логорашите во БиХ.
Јасмина Шехиќ од Сараево исто така имаше бела лента околу раката како и нејзината ќерка.
„Нашите деца знаат како беше. Треба да се знае историјаа, што беше и некои работи не треба да се заборават", порача Шехиќ.
Азра Нухефендиќ белата лента вели дека ја ставила на раката во знак на протест, но и поради солидарност.
„Протест затоа што никогаш до сега официјално не е признаен геноцидот во Приједор. Имено, протест против тоа што се негира злосторството и геноцидот во Приједор, а солидарност со оние кои тоа го преживеале, со семејствата на оние кои веќе не се со нас", исткна Нурефендиќ.