Ikrame Imane Kouachi
27 Септември 2024•Ажурирај: 28 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелски воздушен напад врз Јужен Либан утринава е убиено деветчлено семејство, пренесува Анадолу.
Либанската државна Национална новинска агенција (ННА) објави дека „деветчлено семејство било убиено во 3 часот по полноќ во непријателски воздушен напад врз трикатна зграда во градот Шеба“.
Според агенцијата, во текот на ноќта израелските воени авиони извршиле интензивни воздушни напади врз градот Набатие, во кои имало повредени.
Во израелските воздушни напади врз пет провинции во Либан се убиени 92 лица, а повредени се 153, според либанското Министерство за здравство.
По смртоносните напади минатата недела користејќи безжични уреди, Израел го напаѓа Либан од понеделникот, при што се убиени најмалку 677 луѓе и повредени се над 2.500, според бројките објавени од либанското Министерство за здравство.
Либанската група Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа, во кој од 7 октомври минатата година загинаа повеќе од 41.400 луѓе, главно жени и деца.
Меѓународната заедница предупреди дека нападите врз Либан ја зголемуваат опасноста од регионално проширување на конфликтот од Газа.