Mustafa Deveci
08 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
ХАРКОВ (АА) - Во нападот на руските сили со ракети врз вториот по големина град во Украина, Харков, загинаа 2 лица, а 5 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Игор Тереков, градоначалникот на Харков, на својот профил на социјалните мрежи истакна дека руските сили со ракети нападнале два централни кварта на Харков.
Наведувајќи дека истреланите ракети паднале врз областите Санаи и Немишлијански, Тереков нагласи дека во нападот 2 лица го загубиле животот, а 5 лица се повредени.
Се нагласува дека ракетата истрелана во областа Немишлијански паднала на главната улица во регионот, а на патот се формирала дупка.
Искршени се стаклата на едно училиште и на некои згради во околината. Украинската полиција извршила увид на местото на настанот.
Од друга страна, соопштено е дека руските сили во текот на ноќта извршиле пет одделни ракетни напади врз Харков. Во нападот нема загинати или повредени.
Лоциран на приближно 45 километри од руската граница и вториот по големина град во Украина по главниот град Киев, Харков е често цел на ракетни напади од страна на руските сили.
Се нагласува дека половина од населението на Харков го напуштило градот поради нападите.