Hamdi Yıldız
04 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
КУДС
Воен хеликоптер се сруши во понеделник навечер на брегот на северен Израел. Локалните медиуми информирааа дека во несреќата животот го загубиле двајца члена на екипажот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Jerusalem Post“ објави дека два пилота на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и еден патролен офицер биле во хеликоптерот на морнарицата кога тој се срушил кај брегот на градот Хаифа.
Патролниот офицер е спасен набргу по несреќата и префрлен во болницата Рамбам.
Пилотите се пронајдени по долга потрага, но починале и покрај напорите на лекарите да ги реанимираат.
Несреќата се случила во текот на тренинг - лет.
„Го праќаме нашето искрено сочувство до семејствата на двајцата пилоти кои ги загубија животите“, објавија израелските одбранбени сили на социјалната мрежа Твитер.