свет

Во Европа Исламофобијата се манифестира и во образованието

- Во извештајот подготвен од холандскиот Институт за социјални истражувања, утврдено е дека холандските ученици од турско и мароканско потекло сѐ уште се соочуваат со дискриминација во училиштата

Ömer Faruk Yıldız  | 04.01.2022 - Обновена : 05.01.2022
Во Европа Исламофобијата се манифестира и во образованието

ЖЕНЕВА 

Според Европскиот извештај за исламофобијата за 2020 година, антиисламизмот во Европа постепено го зголемува своето влијание и во образованието, како што тоа е случај во политиката, правото и општествениот живот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Европскиот извештај за исламофобијата за 2020 подготвен од страна на доц. д-р Енес Бајракли, професор на Турско-германскиот универзитет, и професорот Фарид Хафез од Универзитетот „Џорџтаун“ беше споделен со јавноста од страна на Институтот „Leopold Weiss“ во Австрија.

Извештајот подготвен со придонес на 37 академици од различни земји го испитува текот на исламофобијата во 31 земја, главно во Европа.

Извештајот е поддржан и од „Меѓународната асоцијација за студии и истражувања на исламофобија (IISRA)“, „Институт за маргинализација и припадност на Универзитетот во Калифорнија“, „Центарот за безбедност, раса и права на Универзитетот Рутгерс“, „Меѓународен центар за студии за исламофобија“, „Проект за истражување и документација на исламофобијата при Центарот за раса и пол на Универзитетот во Калифорнија (IRDP)", „Студии за арапска и муслиманска етничка припадност и дијаспора на Државниот универзитет во Сан Франциско (AMED)“ и „Институтот Leopold Weiss“.

Во извештајот се нагласуваат антимуслиманските практики кои се вклучени во образовниот систем во Европа и се истакнува дека во некои земји во регионот образованието се користи како алатка за поттикнување антиисламизам.


- Анти Османлинство во училиштата во Бугарија

Во една студија за дискриминација во бугарскиот образовен систем, се забележува дека има обиди муслиманите да бидат прикажани како „вечни непријатели“ преку предавање по историја со перцепција дека „Османлиската држава насилно ги исламизирала христијанските Бугари“.

Во истражувањето на иранскиот социолог проф. Месуд Кемали утврдено е дека дискриминацијата на имигрантите, особено на муслиманите, е речиси интегрирана во наставната програма на училиштата во Шведска.

Во Шведска, екстремно десничарската Демократска партија поднесе предлог-закон до парламентот во 2018 година за забрана на сите муслимански училишта во земјата.

Иако предлог-законот не помина во парламентот, владата одлучи да не се градат нови верски училишта во земјата во 2020 година.


– Во Холандија продолжува дискриминацијата на луѓето со турско потекло

Во извештајот подготвен од холандскиот институт за социјални истражувања, утврдено е дека холандските ученици од турско и мароканско потекло сѐ уште се соочуваат со дискриминација во училиштата и постепено ја губат својата посветеност кон земјата бидејќи се отфрлени од општеството.

Во извештајот се тврди дека дискриминацијата е направена на верска и етничка основа.

Белгиската влада ја забрани и шамијата во високообразовните институции, со што антиисламизмот е внесен во областа на образованието.

Во Белгија, Уставниот суд во јуни 2020 година пресуди дека е легално да се забранат политичките и верските симболи, особено шамијата, во високообразовните институции, под името „непристрасност“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.