Turgut Alp Boyraz
28 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (AA) – Авионите на израелската војска во текот на изминатата ноќ изведоа напад на напуштената зграда на Обединетите нации (ОН) на југот на Голанската висорамнина, за која е утврдено дека ја користеле припадниците на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се истакнува дека спомнатиот објект е користен како база за вчерашниот напад од Сирија на израелските војници.
Во недела е соопштено дека на југот на Голанската висорамнина е отворен оган на патролната единица при израелската војска. Во нападот немаше загинати, а израелската војска потоа ги бомбардираше упориштата од кои е изведен нападот. Во соопштението се истакнува дека се истражува можноста дека нападот го извела групата „Шухада ал-Јармук", поврзана со терористичката организација ДЕАШ.