Qays Abu Samra,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
РАМАЛАХ (АА) - Израелските безбедносни сили во јули уапсиле 574 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на Друштвото на палестински затвореници, Центарот за човекови права „Ел-Мизан”, Здружението за заштита на затвореници и Комисијата на ослободените, е наведено дека само во месец јули се уапсени 574 Палестинци.
Од октомври минатата година до денес, бројот на уапсени Палестинци е зголемен на 6.900. Меѓу нив се наоѓаат и 12 жени како и 111 малолетници.
Исто така, истакнаа дека меѓу речиси 7.000 затворени Палестинци се наоѓаат и шест претставници и 21 новинар. Во затворите Меџидо и Офер затворени се 350 палестински деца.
Напнатоста на Западниот Брег и во Ерусалим е зголемена, меѓу останатото, поради џамијата Ал Акса. Во последно време многу често читаме вести за убивање на Палестинец поради наводен напад на Израелци.