Associated Press
08 Октомври 2023•Ажурирај: 10 Октомври 2023
ПЕКИНГ (АА) - Денес е потврдено дека американската планинарка Ана Гуту и непалскиот водич Мингмар Шерпа загинаа откако лавини ги зафати падините на тибетските планини. Уште две лица се водат за исчезнати, објавија кинеските медиуми, пренесува Анадолу.
Двајца алпинисти загинаа откако лавина го зафати тибетскиот врв Шишапангма вчера попладне, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Уште две лица, американската планинарка Џина Мари Русидло и непалскиот планинарски водич Тенјен Шерпа, се водат за исчезнати, објави новинската агенција.
Шишапангма, висок околу 8.000 метри, е 14. највисок врв на светот.
Вкупно 52 планинари од различни земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Јапонија и Италија, се обидуваа да се искачат на планината кога започнале лавините.
Искачувањето е прекинато поради снежните услови.
Октомври е популарен период за планинарење на Хималаите, но експертите предупредуваат дека климатските промени го зголемиле ризикот од лавини во регионот.
Најмалку 120 планинари ги загубија животите на индиските Хималаи од лавини во изминатите 2 години.