Ayhan Mehmet
14 Јуни 2024•Ажурирај: 15 Јуни 2024
КОМОТИНИ (АА) - Во Грција е извршена реконструкција на Кабинетот откако владејачката партија Нова демократија (НД) загуби приближно еден милион гласови на изборите за Европскиот парламент (ЕП) кои се одржаа на 9 јуни, јавува Анадолу.
Павлос Маринакис, портпаролот на Владата на Грција, изјави дека се направени промени во министерствата за внатрешни работи, развој, имиграција и азил, труд и социјално осигурување и земјоделство, согласно со одлуката на премиерот Кирјакос Мицотакис.
Со извршената реконструкција на Кабинетот, министерот за имиграција и азил Димитрис Керидис го замени Никос Панајотопулос.
Тодорис Ливаниос, кој ја извршуваше функцијата заменик-министер, е назначен за министер за внатрешни работи, а Ники Керамеос стана нов министер за труд и социјално осигурување.
На местото на Коста Стрека во Министерството за развој е назначен Такис Теодорикакос. Функцијата министер за земјоделство ќе ја извршува Костас Циарас.
Новите членови на грчкиот Кабинет ќе положат заклетва во 18:00 часот по локално време.