Furkan Naci Top
20 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
АТИНА (АА) - Кампот „Мориа“ на грчкиот остров Лезбос е испразнет по големиот пожар што се појавил во кампот во кој се сместени околу 4.000 бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локални извори се дознава дека денеска, во раните утрински часови, во кампот избил пожар. Иако пожарот е ставен под контрола, во кампот настанала кавга поради која се зголемила напнатоста.
Вкупно 30 пожарникари со 10 пожарникарски возила учествувале во гаснењето на пожарот. Откако огнот бил згаснат, утврдено е дека голем број шатори и монтажни куќи претрпеле големи штети.
Во меѓувреме, малолетните бегалци биле оддалечени од кампот и одведени во еден безбеден центар за грижа.
Се дознава дека грчката полиција се обидува да ги врати илјадниците бегалци што го напуштиле кампот.
Според грчките официјалните податоци, на островот се сместени 5.600 бегалци, што е многу повеќе од постоечкиот капацитет. Изворите наведуваат дека во кампот честопати се случуваат тензии меѓу бегалците на кои им е здосадено од повеќемесечното чекање за азил.
Денеска се очекува пораст на напнатоста поради гласовите дека бегалците од островот Лезбос групно ќе бидат префрлени во Турција.