Ahmet Emin Dönmez,Alaattin Doğru
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
АНКАРА
Удар на гром одзеде 20 животи во предградието Кинтеле на главниот град Бразавил во Република Конго, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалничката на Кинтеле, Стела Менса Сасу Нгуесо, соопшти дека громот удрил во линија на висок напон, при што создадената висока волтажа била причина за смртта на 20 лица.
Нгуесо информира дека од ударот на громот има и голем број повредени кои се префрлени во болницата „Талангаи“.
Некои очевидци изјавија дека високата волтажа настаната како последица од ударот на громот се пренела на домовите и водените бари по улиците, предизвикувајќи човечки жртви.
Република Конго која се наоѓа во тропската климатска зона во сезоната на дождови е место кое е често погодено од громови, кои предизвикуваат човечки жртви, а страдаат и голем број куќи и работни места.