Emre Aytekin
08 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АНКАРА
Во светот досега од последици предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), животот го загубија повеќе од 270.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ врши постојано ажурирање на податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот. Според последните објавени бројки, во светот од последици предизвикани од новиот тип коронавирус животот го загубиле 270.740 лица, додека вкупниот број на лица што биле позитивни на тестот на Ковид-19 изнесува 3.917.991.
Најголем број човечки жртви од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 во светот има во САД, вкупно 76.938. Следуваат Велика Британија со 30.615, Италија со 29.958, Шпанија 26.070, Франција 25.987, Бразил 9.054, Белгија 8.415, Германија 7.392, Иран 6.486, Холандија 5.288 и Кина со 4.633 починати.
Земји со повеќе од 1.000 починати се:
Канада 4.404, Турција 3.641, Шведска 3.040, Мексико 2.704, Швајцарија 1.810, Индија 1.889, Еквадор 1.654, Перу 1.627, Русија 1.625, Ирска 1.403 и Португалија 1.105.
Новиот тип коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан се прошири во повеќе од 200 земји региони во светот.
Од заразеност со Ковид-19 оздравеа 1.344.265 пациенти, а 2.302.986 лица продолжуваат со медицинскиот третман.