свет

Граѓаните на Тел Абјад се среќни, но загрижени од американско-руската поддршка на ЈПГ/ПКК

- Иако жителите на Тел Абјад се задоволни што нивната земја е расчистена од терористи, тие сепак се чувствуваат непријатно поради континуираната закана од терористичката организација ЈПГ/ПКК, која има поддршка од САД и Русија

Ömer Koparan, Adham Kako  | 10.12.2019 - Обновена : 11.12.2019
Граѓаните на Тел Абјад се среќни, но загрижени од американско-руската поддршка на ЈПГ/ПКК

ТЕЛ АБJАД

Иако жителите на Тел Абјад се задоволни што нивната земја е расчистена од терористи, тие сепак се чувствуваат непријатно поради континуираната закана од терористичката организација ЈПГ/ПКК, која има поддршка од САД и Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Жителите на центарот на Тел Абјад за дописникот на АА раскажаа за ситуацијата во која се наоѓаат моментално.

„ПКК и ПЈД доминираа во регионот и присилно регрутираа млади. Ситуацијата во тоа време беше очајна“, нагласи Ахмет Илјас, жител на Тел Абјад.

Тој, истакнувајќи дека терористичката организација е против Арапите во регионот, рече: „Ситуацијата е подобрена откако турската Армија дојде овде. Регионот стана безбеден.“

„Тие (ЈПГ) се однесуваа расистички против нас Арапите. Им даваа приоритет на Курдите во сè, за нив Арапите беа незначителни. Авторитетот и сè друго во регионот беше во рацете на Курдите“, рече Илјас.

Махмуд Зекерија, еден од Арапите во Тел Абјад кој се наоѓал под притисок на терористичката организација, рече дека се среќни што се ослободиле од терористичката организација.

„ПКК ги киднапираше нашите деца и ги вооружуваше со сила. Ги криевме нашите деца за да не ги киднапираат. Не можевме да излегуваме од дома“, додаде Зекерија. 

Истакнувајќи дека турската Армија и војниците на Сириската национална војска се многу добри, Зекерија нагласи: „Ни помагаат. Јас немам збор за нив, тие се добри.“

Единаесетгодишниот Абдулќерим Хусеин рече дека се подготвува повторно да оди на училиште по исчистување на регионот од терористичката организација ПЈД/ПКК.

Наведувајќи дека сака да стане инженер, Хусеин рече:

„Турција дојде и нè спаси од терористите. Ќе се отворат и училиштата. Ќе одам во петто одделение. Со дозвола од Господ ние се ослободивме од терористите. Турција е тука, сега сме побезбедни.“


- Се чувствуваат непријатно поради поддршката на САД и Русија за ЈПГ/ПКК

Мустафа Абу Мухамед, кој живее во центарот на Тел Абјад, рече дека иако областа е расчистена од терористи, организацијата се обидува да им наштети.

„ПКК, поддржана од САД и Русија, го пресече патот до Хасеке и Рака. Не можеме да се снабдуваме со нафта. Зеленчук не доаѓа“, нагласи Мухамед.

Селме Ум Мухамед, исто така жителка на Тел Абјад, рече: „Ние сме во лоша ситуација поради поддршката на САД и Русија на терористичката организација која нè принуди да емигрираме, а нашите деца ги однесе во војна.“

„Посакуваме организацијата да биде уништена и да престанат нашите стравови. Довербата да пристигне во нашата земја и да живееме во своите домови во мир“, рече Селме.


- Недостасува околината на доверба, просперитет и стабилност

Рабија Ум Саид, друга жителка на Тел Абјад, за нејзините очекувања во иднина рече:

„4-5 години се наоѓаме во ваква ситуација. Многу сме уморни веќе. Сакаме работите да се подобрат и сè да биде подобро. Единствена желба ни е да заврши војната. Уморни сме од војната и сакаме да се обезбеди мир.“

Ум Саид, истакнувајќи дека населението не може да се снабдува со потребните производи поради пресекувањето на патот од страна на терористите, рече: „Дојде зима. Времето е студено. Многу сме уморни од војната.“

Алије Ум Халит истакна дека луѓето од регионот, кој е исчистен од теророт, имаат некои барања.

„Сакаме вода, електрична енергија и нафта. Горивото е нашата најважна потреба за да можеме да се стоплиме. Сакаме да заврши граѓанската војна и да живееме во мир како што беше претходно. Да ја работиме нашата нива. Сакаме да се исполнат овие наши барања.“

Центарот на Тел Абјад беше спасен од терористичката организација ЈПГ/ПКК на 13 октомври, како дел од операцијата „Извор на мирот“. Со поддршка на Турција продолжуваат активностите за нормализирање на животот во градот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın