Ömer Faruk Cebeci
21 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
САКАРИЈА (АА) - Акгун Алтуг, претседателот на Трговско-индустриската комора на Сакарија (САТСО), го прими градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, и неговата делегација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Трговско-индустриската комора на Сакарија (САТСО) се наведува дека на средбата биле направени консултации за потенцијалот на двата града преку создавање културен мост, а исто така на средбата била направена презентација на индустриската зона што се планира да се изгради во Новаци.
Алтуг, според соопштението, истакнал дека се среќни што во Сакарија ќе бидат домаќини на делегацијата.
Потсетувајќи дека Сакарија е домаќин на многу култури и дека тука живеат голем број имигранти од Македонија (Северна), Алтуг нагласи:
„Сакарија исто така е град со сериозно производство и потенцијал во областа на туризмот, образованието, индустријата и земјоделството. Ние, како САТСО, претставуваме повеќе од 90 отсто од градската економија, вработеноста и извозот со нашите речиси 15.000 членови што припаѓаат на 34 професионални групи поделени по сектори. Извезуваме во секоја точка и земја во светот. Имаме сериозни културни врски со балканските земји. Имаме членови кои сакаат да инвестираат во нови земји од блиската географија. Посакувам проектот за организирана индустриска зона Новаци да биде корисен.“
- „Ги покануваме инвеститорите да инвестираат во нашиот поволен регион“
Стевановски, наведувајќи дека се чувствуваат како дома, му се заблагодари на раководството за гостопримството.
Истакнувајќи дека производствените бази на светски познатите брендови се наоѓаат во Сакарија, Стевановски истакна:
„Се вели дека е успешен град на секое поле. Ние како Новаци претставуваме град со природни убавини и потенцијал во однос на производството. Регионот на Новаци е напреден регион во областа на земјоделството и имаме многу вработени во електраната во нашиот регион. Има сериозни инвестиции на странски инвеститори. Сакаме да формираме модерна индустриска зона која ги исполнува сите стандарди на земјиште од повеќе од 180 декари. Ќе обезбедиме многу стимулации и предности за да привлечеме инвеститори. Многу важни проекти како што е проектот за автопат се пред реализација во нашиот регион. Ги покануваме инвеститорите да инвестираат во овој поволен регион.“