Mücahit Oktay
08 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ЊУЈОРК (АА) - Тенденцијата за постојано зголемување на бројот на заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во САД, што ја смени досегашната навика на потрошувачка, ги натера големите синџири на маркети да бидат принудени да донесат ограничувања во количеството на средствата за чистење и хигиена што можат да се купат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во американската сојузна држава Њу Џерси, каде што поголемите семејства ги преферираат големите синџири на маркети, пред влезовите на маркетите како што се „Костко“ (COSTCO), „Волмарт“ („Walmart“) и „Бест бај“ („Best Buy“), се формираа долги редици. Раководителите на маркетите со цел секој да може да се снабди со најразлични средства за чистење и хигиена, почнувајќи од количеството на вода за пиење, лекови, тоалетна хартија и роло хартија, донесоа одлука со која е поставен лимит во продажбата на бројот на овие производи.
По проширувањето на епидемијата на коронавирусот и во источните држави на САД, потрошувачите, како и во периодите на урагани, поплави и тајфуни, ги испразнија рафтовите од супермаркетите.
Раководителите на маркетите, со цел да им стават крај на кавгите меѓу потрошувачите и настанатата паника, решението го најдоа во продажба на само две парчиња од одредени производи, а полицајците се распоредени на вратите.
Поради големиот интерес, пред маркетот „Костко“ (COSTSO), во кој производите се продаваат на големо, сместен во градот Тетерборо, во подрачјето Берген Каунти во сојузната држава Њу Џерси, нема место за паркирање автомобили, а пред неговите врати и на касите се формираат големи редици. Персоналот на маркетот, со цел превенција од коронавирусот, постојано ги дезинфицира количките за купување.