AA
26 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
ПАРИЗ (AA) - Голем број граѓани излегоа и денес на улиците на Париз, продолжувајќи да вршат притисок на претседателот Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешниот протест на „Жолтите елеци“ почна на „Шанзелизе“ (Елисејски полиња), местото на нередите и на претходните протести. Меѓутоа, некои групи планираат да одржат протести вечерва во источниот дел на Париз.
Протестите на „Жолтите елеци“ се одржуваат 11. седмица по ред низ Франција, а на улиците на Франција денес се распоредени околу 80.000 полицајци.
Протестите започнаа поради зголемувањето на цената на данокот на горивото, но прераснаа во големо незадоволство поради економската ситуација во земјата. Демонстрантите бараат коренити економски и политички реформи.