Sümeyye Özer
19 Јануари 2020•Ажурирај: 20 Јануари 2020
ГАЗА (AA) - Гласноговорникот на Хамас, Абдул Латиф ал Кану, тврди дека палестинските затвореници се брутално мачени во израелските затвори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кану тврди дека Израел ги игнорира сите резолуции за човековите права со кои се забранува мачење.
„Поради оваа фашистичка политика која ја спроведува Израел, 70 затвореници починаа во текот на измачувањата“, рече Ал Кану.
Тој ја повика меѓународната заедница да го натера Израел да престане со ваквата пракса над палестинските затвореници и одговорните да бидат процесуирани.
Завчера палестинскиот Кабинет за затвореници и заштита на човековите права „Ал Дамир“, објави фотографии на кои е видливо како се измачува палестински затвореник во текот на испрашувањето.
Официјалните податоци на палестинската страна покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат повеќе од 5.000 палестински затвореници, меѓу кои се и околу 500 луѓе во административен притвор и 230 малолетници.