свет

Германскиот министер за надворешни работи: На Газа ѝ е потребна „безбедносна архитектура“ по прекинот на огнот

- „Подготвени сме да обезбедиме практична поддршка. Тоа значи дека постојните мисии на ЕУ може да бидат активирани и засилени“

Ayhan Şimşek  | 20.11.2025 - Обновена : 20.11.2025
Германскиот министер за надворешни работи: На Газа ѝ е потребна „безбедносна архитектура“ по прекинот на огнот

БЕРЛИН (АА) – Газа ќе има потреба од „безбедносна архитектура“ по воспоставувањето на прекинот на огнот, а Европската Унија може да понуди посилна поддршка во спроведувањето на планот, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, јавува Анадолу.

Говорејќи за новинарите во Брисел пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Вадефул рече дека тие ќе разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток и придонесот на ЕУ кон мировниот план за Газа, меѓу другите меѓународни теми.

„Потребна ни е безбедносна архитектура за Појасот Газа, која ќе вклучува меѓународна сили за стабилизација и палестински полициски сили, двете легитимирани со неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност на ОН“, истакна тој.

Шефот на германската дипломатија ја потврди силната поддршка на Берлин за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа, нагласувајќи дека Германија долго време се залагала за резолуција на Советот за безбедност што ќе обезбеди правна основа за овој план.

„Подготвени сме да обезбедиме практична поддршка. Тоа значи дека постојните мисии на ЕУ може да бидат активирани и засилени“, додаде тој, мислејќи на полициските и граничните безбедносни мисии на ЕУ во регионот.

„Потребна е блиска соработка со Израел. За ова разговарав со мојот израелски колега во неколку наврати. Се надевам дека брзо ќе се постигне договор“, рече Вадефул.

Тој додаде дека соседните земји би можеле да придонесат во обуката на новите палестински полициски сили, при што Јордан и Египет веќе изразиле подготвеност да помогнат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın