Ayhan Şimşek
14 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
БЕРЛИН (АА) - Властите на Германија ја поздравија синоќешната одлука на британскиот Парламент за неприфаќање на излезот на Велика Британија од Европската Унија без претходно постигнат договор за идните односи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Лондон тукушто покажа знаци на разум. Долниот дом мнозински испрати јасна порака дека во најмала рака не сака Брегзит без договор“, порача шефот на германската дипломатија, Хеико Мас.
Мас во порака на Твитер истакна дека Брегзит без договор не би бил во корист на никого.
„Сега е на британската страна да каже што сака за да дојдеме до заклучок за овој договор. Времето поминува“, порача Мас.
Откако синоќа ја усвои одлуката за неприфаќање на Брегзит без договор, Долниот дом на британскиот Парламент денес ќе гласа за одлуката официјален Лондон да побара од Европската Унија одложување на Брегзит.
Велика Британија би требало да излезе од ЕУ заклучно со 29 март.