Cüneyt Karadağ
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, ја бранеше политиката на нејзината земја од критиките дека направила малку за Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во својот говор во Бундестагот, министерката за надворешни работи, Баербок, рече: „Германија ја поддржува Украина воено. Ние испорачуваме заштитни шлемови на барање на Украина. Ова беше специјалното барање што го исполнивме.“
Осврнувајќи се на критиките за политиката на нејзината земја во Украина, Баербок рече:
„Некои сега бараат итно предавање на оружјето. Во тешки ситуации треба да имате самокритика за вашите постапки. Соопштението за печат може да се напише брзо, но промената на вашата надворешна политика за 180 степени мора да се направи со целосна свест. Повторно затворање на дипломатски маршрути мора да се спречи. Треба да ја зајакнеме Украина економски и финансиски. Неопходно е затоа што во 21 век на луѓето не им се закануваат само топови.“