Beyza Binnur Dönmez
27 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
МАДРИД
Шпанската агенција за поморска безбедност денеска спаси 131 мигрант кои се обидуваа да дојдат до Канарските Острови, објавија локалните медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мигрантите, меѓу кои беа и 8 малолетници, беа на три гумени чамци.
Шпанската новинска агенција ЕФЕ (EFE) објави дека еден од гумените чамци кој превезувал 37 мигранти, меѓу кои биле и двајца малолетници со северноафриканско потекло, бил откриен додека се приближувал до Ланзароте.
Радио КОПЕ (COPE) објави дека на другиот чамец биле 56 лица, меѓу кои 6 малолетници, исто така со потекло од Африка.
Лицата на третиот чамец се спасени кај брегот на Ланзароте.