Ayhan Şimşek
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
БЕРЛИН (АА) - Германското Обвинителство поднесе обвинение против руски професор кој шпионирал за Русија, објавија властите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничениот, идентификуван како Илнур Н., обвинет е за пренесување информации за воздушните проекти на руската надворешна разузнавачка служба (SVR)“, се вели во соопштението на Федералното обвинителство.
Обвинителите изјавија дека обвинетиот редовно се среќавал со руски шпион кон крајот на 2019 година и ги пренесувал информациите кои ги добивал додека работел како научен соработник на еден универзитет во покраината Баварија.
Руската разузнавачка служба била особено заинтересирана за европскиот проект за лансирање на вселенското летало „Аријане“, според обвинителите.
Се верува дека осомничениот добил околу 2.500 евра во готовина за информациите кои ги давал.
Илнур Н. беше уапсен во јуни 2021 и тој останува во притвор.