свет

Германија: Човечки синџир против расизмот

Демонстрантите, држејќи се за рака, формираа човечки синџир и носеа транспаренти „Не за расизмот“, испишани на различни јазици. Тие, исто така го извикуваа слоганот „Ние сме шарени и сме мнозинство“.

Erbil Başay  | 21.03.2019 - Обновена : 23.03.2019
Германија: Човечки синџир против расизмот (Foto: Abdülhamid Hoşbaş/ AA)

БЕРЛИН (АА) – Во Берлин, главниот град на Германија, беше формиран човечки синџир против расизмот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на „Светскиот ден во борбата против расизмот“, стотици луѓе, повеќето деца, се собраа на улицата „Адалбер“, во областа Кројцберг, и одржаа протести.

Демонстрантите, држејќи се за рака, формираа човечки синџир и носеа транспаренти „Не за расизмот“, испишани на различни јазици. Тие, исто така го извикуваа слоганот „Ние сме шарени и сме мнозинство“.

На протестите присуствуваше и портпаролката на Здружението на турската заедница во Германија Ајше Демир. Во изјавата за АА, Демир, нагласувајќи дека во Германија се зголемени расистичките напади, рече дека невладините организации тоа треба да го видат и да го земат предвид.

„Како прво треба да се прифати дека постои проблем на расизам. Особено треба да се осудуваат нападите врз мигрантите, муслиманите и евреите“, рече Демир, додавајќи дека кон прашањето за расизмот треба да се пристапува почувствително и дека борбата треба да биде заедничка.

Демир, исто така наведе дека треба да се дејствува против расизмот, да се откријат убиствата на екстремно десничарската Национална социјалистичка подземна терористичка организација (NSU) и да се осветлат можните врски со државата. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın