свет

Германија: Социјалдемократската партија ги покани Зелените и ФДП на преговори за формирање коалиција

Ролф Мицених, шеф на групата на Социјалдемократската партија во Бундестагот, рече дека се подготвени да одржат брзи коалициски разговори засновани на доверба со Зелените и ФДП.

Erbil Başay  | 28.09.2021 - Обновена : 29.09.2021
Германија: Социјалдемократската партија ги покани Зелените и ФДП на преговори за формирање коалиција

БЕРЛИН (АА) - Социјалдемократската партија (СПД), која победи на општите избори одржани на 26 септември во Германија, ги покани Зелените и Слободната демократска партија (ФДП) да одржат преговори за коалиција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ролф Мицених, шеф на групата на Социјалдемократската партија во Бундестагот, рече дека се подготвени да одржат брзи коалициски разговори засновани на доверба со Зелените и ФДП.

Мицених истакна дека ги поканиле двете партии оваа недела да започнат со прелиминарни разговори.

Изразувајќи дека засега не се утврдени црвени линии за неговата партија, Мицених рече дека приоритети за нив се прашањата поврзани со минималната плата на час, проблемите со домувањето и климатската криза.

„Меѓутоа, ние нема да водиме коалициски преговори пред јавноста“, рече тој.

Истакнувајќи дека СПД има мандат да формира нова влада по изборите, Мицених рече: „(Претседателот на Христијанско-демократската унија), Армин Лашет, мора да разбере дека не ја добил довербата од народот.“

На општите избори одржани на 26 септември, СПД е партија со освоени најголем број гласови, 25,7 проценти. Партиите од Христијанската унија (ЦДУ/ЦСУ) се на второ место со освоени 24,1 проценти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.