Ekip
20 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Германските власти соопштија дека полицијата извршила претрес во домовите на 67 лица осомничени за користење на интернет платформа за размена на детска порнографија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција беше соопштено дека рацијата е извршена во целата земја, во периодот од 5. до 19. јули
Запленети се компјутерите и други докази, но сѐ уште не се знае дали има уапсени лица.
Се верува дека осомничените, на возраст од 18 до 80 години, незаконски ја користеле платформата „Chatstep“ за размена на слики и видеоснимки за деца кои се сексуално злоупотребувани.
Полицијата наведе дека осомничените се идентификувани со помош на многу добра соработка со операторите на компанијата „Chatstep“ од САД.