Ekipa
29 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
НЕУБРАНДЕНБУРГ (АА) - Хуберт Зафке (95) кој во злогласниот логор Аушвиц работел како медицински работник, ќе излезе денес пред германскиот суд од којшто е обвинет за соучесништво во 3.681 убиства во нацистичкиот логор, јавува Аnadolu Agency (AA).
Неговите адвокати тврдат дека нивниот клиент не сторил никакви кривични дела. Се очекува Зафке денес да се појави пред судот, кој претходно утврди дека тој, без оглед на годините, е способен за судење.
Утврдено е дека како медицински работник работел во Аушвиц од 15-ти август 1944 година до септември 1945 година. Во тој период во логорот стигнале 14 возови со заробеници меѓу кои и тинејџерката Ана Франк, позната по својот дневник („Дневникот на Ана Франк ”). Најголемиот дел од затворениците се убиени во гасните комори.
Во Аушвиц, најголемиот концентрационен логор во нацистичка Германија, животот го изгубиле околу милион и 300 илијади европски Евреи.