Erbil Başay
05 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската влада планира да им го одземе државјанството на своите граѓани кои учествувале во оружените судири надвор од земјата во редовите на странските терористички организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи, Елеонор Петерман, за новинарите во Берлин изјави дека во подготовка е нацрт-закон за одземање на државјанството на лица кои се бореле во странски терористички организации.
Таа истакна дека таквата мерка ќе се однесува на државјаните на Германија кои имаат двојно државјанство, односно државјанство на уште една земја, освен Германија.
„Тие луѓе треба да имаат двојно државјанство и да бидат постари од 18 години“, рече Петерман.
Таа додаде дека во тек се консултациите со експертите од Министерството за правда по ова прашање.