Mesut Zeyrek
19 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
КЕЛН
Во германскиот град Келн одржани се два протести во текот на кои се осудени нападите на ерменските сили врз азербејџанскиот пограничен регион Товуз, како и окупацијата на Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестите ги организираше Германско-азербејџанското здружение за култура, кое во Келн делува од 2013 година. Протестите се одржани на Плоштадот Бреслауер пред Катедралата во тој германски град.
Демонстрантите носеа знамиња на азербејџан и го осудија неправедниот и агресивниот став на Ерменија.
Алтај Рустамли, еден од раководителите на здружението, рече дека полицијата не дозволува собирање на повеќе од 100 лица на едно место, поради епидемијата на коронавирусот (Ковид-19) и дека поради тоа организирале два протести.
Ерменските сили во неделата започнаа со напади врз азербејџанскиот пограничен регион Товуз, низ кој минуваат и неколку важни енергетски и инфраструктурни проекти што заеднички ги реализираат Турција и Азербејџан.
Ерменија на почетокот од 1990-те години го окупираше азербејџанскиот регион Нагорно Карабах и уште седум други соседни азербејџански региони, а досега во многу наврати е кршено примирјето договорено од двете земји во 1994 година.
За разлика од досегашните судири кои избиваа на линијата на разграничување на окупираните азербејџански региони, овој пат ерменските сили судирите ги започнаа на границата меѓу двете земји.
Ерменската војска на 12 јули изврши артилериски напади врз пограничниот азербејџанскиот регион Товуз. Азербејџанските сили одговорија на нападот, но ерменските сили продолжија со слични напади и во наредните денови.
Во нападите загинаа најмалку осум азербејџански војници.