Islam Doğru
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 803 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 142.883 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа потврдени се 64.329 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 3.885.430.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 803 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 142.883.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 2.075.246 откриени случаи, Индија со 1.086.476 откриени случаи, и Русија со 771.546 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Флорида.
Во Њујорк откриени се 433.314 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 32.552 лица.
Во САД досега се направени над 47 милиони и 623 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 775 илјади.