свет

Германија: Обвинето лице за шпионажа за Русија

„Лицето, идентификувано како Јенс Ф., работело за компанија одговорна за инспекции на електрични уреди во Парламентот“, се вели во соопштението на Федералното обвинителство.

Ayhan Şimşek  | 25.02.2021 - Обновена : 26.02.2021
Германија: Обвинето лице за шпионажа за Русија

БЕРЛИН

Германец е обвинет за шпионажа, пренесување информации за плановите на германскиот Парламент на руските разузнавачки служби, соопштија германските власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Лицето, идентификувано како Јенс Ф., работело за компанија одговорна за инспекции на електрични уреди во Парламентот“, се вели во соопштението на Федералното обвинителство.

Тој е обвинет за испраќање ПДФ-датотеки за плановите на Парламентот на вработен во руската Амбасада во Берлин.

Според соопштението на Обвинителството, лицето имало пристап до плановите во 2017 година, ги симнало податоците на електронски диск и ги испратило на вработен во руската Амбасада, кој бил член на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

„На обвинетиот ќе му се суди за шпионажа во Врховниот регионален суд во Берлин“, се вели во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.