Cüneyt Karadağ
26 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
ХАНОВЕР (АА) - Судот во Германија изрече затворска казна во траење од шест години за симпатизерка на терористичката организација ДЕАШ, 16-годишната Сафија С., која во февруари минатата година со нож нападна и повреди германски полицаец во Хановер, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот врз полицаецот е процесуиран во Врховниот суд во Целе како теористички напад. Во пресудата се наведува дека нападот имал траги на активности на ДЕАШ.
Судот изрече и затворска казна во траење од две и пол години и за еден државјанин на Германија со потекло од Сирија, кој знаел дека нападот го извршила малолетничката Сафија С., но тоа го криел од надлежните германски органи.
Малолетната државјанка на Германија со потекло од Мароко, Сафија С. стана првиот поддржувач на терористичката организација ДЕАШ осуден во Германија.
Таа од затворот упати писмо со извинување до полицаецот што го рани во минатогодишниот напад.
Мутлу Ѓунал, адвокат на осудената, најави дека ќе ја обжали пресудата бидејќи смета дека на нејзината клиентка ѝ е изречена престрога казна.