Ayhan Şimşek
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција утринава спроведе координирани рации против неонацистички групи во повеќе градови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Стотици полицајци претресоа десетици згради во 11 сојузни држави, насочени кон осомничените членови на неонацистичките групи Комбат 18, Атомвафен дивисион, Нокоут 51 и Сондеркомандо 1.418“, објави јавниот радиодифузен сервис АРД (ARD).
Магазинот „Дер шпигел“ (Der Spiegel) објави дека еден од 50-те осомничени идентификувани од властите бил активен војник. Во рациите беа уапсени четири лица.
До оваа операција дојде откако новата Влада на Германија минатиот месец објави акционен план за борба против расизмот и десничарскиот екстремизам.
Властите се соочуваа со критики, особено од организациите за човекови права, за потценување на заканата од екстремната десница во Германија и за несериозно истражување на злосторствата извршени од десничарските екстремисти.
Теророт на екстремната десница одзеде животи на најмалку 218 луѓе во земјата од 1989 година, според германската невладина организација Фондација „Амадеу Антонио“.