Abdullah Aşıran
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
РОТЕРДАМ (АА) - Холандија заплени 13 руски јахти кои се во изградба и одржување во рамките на санкциите на Европската Унија (ЕУ) против Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава, холандскиот министер за надворешни работи, Вопке Хоекстра, наведува дека вкупно 13 јахти на пет производители на јахти во земјата се под строга контрола на холандската царина.
Хоекстра нагласи дека има 12 јахти подолги од 35 метри, кои се во тек на изградба, а една јахта е на одржување.
Наведувајќи дека се истражуваат сопственичките структури на јахтите во изградба, Хоекстра истакна дека јахтите не им припаѓаат на Русите кои се на списокот за санкции на ЕУ.
Министерот Хоекстра, наведувајќи дека се истражува дали сопственикот на јахтата која се одржува припаѓа на лице кое се наоѓа на списокот за санкции на ЕУ, рече дека на сите 13 јахти не им е дозволено да се користат и да ја напуштат земјата.
Меѓу другото, Вопке Хоекстра информира дека досега во земјата е замрзнат руски имот во вредност од 516 милиони евра и блокирани се 155 милиони евра трансакции.