свет

Германија: Возило влета во толпа луѓе за време на карневал, 30 повредени

Герхард Берсвил, началник на полицијата на Франкфурт, изјави дека се повредени 30 лица, од кои седум потешко, додавајќи дека меѓу повредените има и деца

Erbil Başay  | 24.02.2020 - Обновена : 25.02.2020
Германија: Возило влета во толпа луѓе за време на карневал, 30 повредени

БЕРЛИН (AA) - Бројот на повредените во инцидентот кој се случи кога машко лице со автомобил влета во карневалската поворка во градчето Волкмарсен во германската сојузна држава Хесен порасна на 30, јавува Агенција Анадолија (АА).

Полицијата соопшти дека се се случило околу 14.30 часот по локално време кога машко лице со возило влетало во маса луѓе.

Од полицијата рекоа дека претпоставуваат дека возачот намерно со возило налетал на луѓе кои биле на улица во текот на карневалска поворка, но уште не е познато кој бил неговиот мотив.

Полицијата потврди дека дека возачот набргу бил уапсен.

Герхард Берсвил, началник на полицијата на Франкфурт, изјави дека се повредени 30 лица, од кои седум потешко, додавајќи дека меѓу повредените има и деца.

Некои германски медиуми објавија дека возачот е 29-годишен германски државјанин кој со возило срушил бариери во текот на карневалска поворка и влетал во маса луѓе, а посебно ги имал за цел децата.

Од друга страна, откажани се сите карневалски поворки во сојузната држава Хесен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın