Ula Atallah,Meryem Kasım
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
ГАЗА (АА) - Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, допатува во посета на Појасот Газа кој поради израелското ембарго сѐ уште не е опоравен од последните напади кои израелските сили ги изведоа пред две години, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот човек на ОН, утрово во Газа влезе од граничниот премин во Ерез, а за неговата безбедност во текот на посетата се грижеа безбедносните сили на Газа.
Портпаролот на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестниските бегалци (UNRWA) Аднан Абу Хасан, соопшти дека посетата на Бан Ки-мун на Газа ќе трае неколку часа и дека во таа пригода ќе ја посети болницата финансирана од Катар. Подоцна ќе го посети и училиштето со кое раководи УНРВА.
Се очекува Бан на јавноста да ѝ се обрати при посетата на училиштето на УНРВА.
Генералниот секретар Бан ја посети Газа на 14-ти октомври, веднаш по последните напади од страна на израелските сили. Притоа тој апелираше да се имплементира договорот меѓу Израел, Палестина и ОН за ублажување на израелското ембарго, со што би се овозможило увоз на градежен материјал потребен за обнова на разрушените населби и инфраструктурата.