Mustafa Keleş
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, порача дека е згрозен од неодамнешното бомбардирање на Алепо, во Сирија, при што загинаа 92 лица, и истакна дека нападите врз цивилите во Алепо може да се карактеризираат како злосторство против човештвото, јавува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението од канцеларијата на генералниот секретар на ОН, се истакнува дека Бан е згрозен од неодамнешниот воздушен напад врз цивилите во Алепо.
„Употребата на запаливи бомби врз цивилни цели може да се карактеризира како злосторство против човештвото", се вели во изјавата на Бан Ки-мун.
Тој истакна дека меѓународната заедница треба да испрати јасна порака оти нема да толерира употреба на смртоносно оружје, кое не бира цели.
Во воздушните напади на руските и сириските режимски авиони врз цивилни цели во Алепо, Сирија, од 19 септември загинаа 323 лица, а 1.334 лица се повредени.
На барање на САД, Франција и на Велика Британиија, Советот за безбеднсот на ОН денеска ќе одржи итен состанок.