Meryem Kasım
01 Септември 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
ГАЗА (AA) - Роберт Пипер, координатор на хуманитарните активности на Обединетите нации (ОН) во Палестина изјави дека 80 отсто од населението во Појасот Газа директно зависат од хуманитарната помош како и дека ситуацијата на тоа подрачје во хуманитарна смисла е обесхрабрувачка, јавува Anadolu Agency (AA).
Пипер во теот на посетата на Исламскиот универзитет во Газа рече дека израелската блокада на Појасот Газа трае веќе десет години и дека е обесхрабрувачка моменталната ситуација на тоа подрачје.
Истакна дека е висок процент на образованите луѓе но дека голем број од нив откако ќе ги завршат студиите не можат да најдат работа. Еден од најголемите проблеми во Појазот Газа, според зборовите на Пипер е големата невработеност.
Ја повика меѓународната заедница да пружи поддршка во воспоставување на стабилноста и развојот во Појасот Газа.
Во извештајот на меѓународните здруженија се наведува дека во Појасот Газа живеат 1,9 милиони луѓе, а околу 80 отсто од нив поради сиромаштија и невработеноста, зависи од хуманитарните организации.