Ekip
24 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
АНКАРА
Гана стана прва африканска земја која ги прими вакцините против коронавирусот од програмата Ковакс, при што 600.000 дози на вакцината од „АстраЗенека/Оксфорд" пристигнаа денес во Акра, престолнина на земјата, се соопштува од Светската здравствена организација од Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за прв контигент на вакцини, чија испорака ќе се продолжи и во текот на наредните денови, објавија на социјалната мрежа Твитер, од СЗО за африканскиот регион.
„Со задоволство ви соопштуваме дека Гана е прва земја која ги примила вакцините од програмата Ковакс“, изјави претставникот на СЗО во Гана. Др. Францис Касоло.
Владата на Гана исто така соопшти дека првиот контигент вакцини, кој го произведе индискиот институт „Серум“, пристигнал во земјата.
До сега во Гана се регистрирани 584 смртни случаи како последица на вирусот и 81.245 случаи на заразување, покажаа податоците од американскиот универзитет „Џон Хопкинс“.