Nour Mahd Ali Abu Aisha,Safiye Karabacak
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
ГАЗА (АА) - Поради неодамнешната одлука на Соединетите Американски Држави (САД) за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел и спречување на протокот за помош во Палестина, денеска во појасот Газа се одржаа протести на незадоволните граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
На протестите повикаа исламските и национално ориентираните групи, а на улиците излегоа стотици луѓе. Носеа транспаренти „Ерусалим е наш ... Оваа земја е наша".
Џемил Асур беше еден од присутните граѓани. Тој порача дека се собрале да изразат незадоволство од последната одлука на САД.
Aсур потсети дека САД блокираше дел од помошта на Агенција на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA).
Откако претседателот Доналд Трамп на 6 декември официјално го призна Ерусалим како главен град на Израел, во различни области на Западниот Брег и во Појасот Газа беа одржани протести.
По оваа објава, во средината на јануари, портпаролката на американското Министерството за надворешни работи Хедер Нојерт, рече таа повторно ќе се разгледа дел од помошта на UNRWA.
Се работи за околу 65 милиони долари од вкупна сума од 125 милиони долари.
Палестинскиот центар за статистика располага со податоците дека има 5,9 милиони регистрирани палестински бегалци. Од овој број, 2.1 милиони се наоѓаат во Јордан, 1.4 милиони во Газа, а останатите се на Западниот Брег, Сирија и Либан.
Израел го окупираше Источен Ерусалим на 5 јуни 1967 година. Таа замја во 1980 година Ерусалим еднострано го прогласи за главен град, а Обединетите нации (ОН) оваа одлука ја прогласија за ништовна.