Behlül Çetinkaya,Meltem Bulur
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Познатиот американски магазин Тајм (Time), на својата корица ја претстави осаменоста во која се наоѓа САД откако претседател на оваа земја стана Доналд Трамп, и приказ како дури и најзначајните сојузници на САД започнале да се оддалечуваат од неа. На насловната корица на магазинот Тајм, САД е прикажана како една осамена земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Од доаѓањето на Трамп за претседател на САД досега, погрешните чекори кои Трамп ги направи кон земјите со кои САД имаше блиски односи, беа дел од агендата на медиумите во земјата. На насловната страница на магазинот Тајм за месец февруари, САД е прикажана како осамена земја и оддалечена од останатите земји.

Во статијата под наслов „Осамена Америка” (America Alone), се дава приказ на изгубениот имиџ на САД во периодот од една година, колку трае претседавањето на Трамп. Во својата статија Карл Вик зборува за САД по Втората светска војна, која се издигнува како најмоќна земја и земја која претставува извор на инспирација за демократијата, истакнувајќи дека денеска земјата е дојдена во ситуација да биде критикувана по прашањата за слободата на медиумите и миграцииите.
Во статијата се наведува дека САД е критикувана и од страна на европските земји, кои се нејзини најважни сојузници, потсетувајќи дека во Британија, која е најважниот сојузник на САД, биле собирани потписи за да се спречи доаѓањето на Трамп.
Во статијата се вели дека откако САД го загуби својот глобален престижен кредибилитет, светот започнал во потрага на нови земји лидери.
- Во гласањето за Ерусалим (Кудс) остана осамена
Во статијата се вели дека со седнувањето на Трамп во претседателската фотелја, се зачестите коментарите кои забрзано земјата ја прават да биде осамена. Оваа осаменост на САД за последен пат многу јасно можеше да се види на Генералното собрание на Обединетите нации на гласањето за Кудс.
Со цел повлекување на одлуката што на администрацијата на САД Кудс да биде прогласен за „главен град на Израел”, на Генералното собрание на ОН гласаа 128 земји. Освен САД и Израел, против резолуцијата гласаа земјите како што Гватемала, Хондурас, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Того и Палау, кои во меѓународната зедница немаат никакво влијание.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, по гласањето изјави: „САД поради погрешната одлука остана осамена”.
- Ја нема и на масата за Сирија
САД која со години е еден од актерите кои го даваат правецот на обликувањето на Блискиот Исток, поради одлуките кои ги донесе во врска со Сирија, повеќе не е дел од средбите за оваа земја.
САД не е дел од средбите во Астана и Сочи, каде се прават големи чекори за да се изнајде крај за граѓанската војна во Сирија. И групите поддржувани од страна на САД, поради одлуките од страна на Русија и Иран, не се повикуваат на средбите. На барање на Турција, во Астана и Сочи не е повикана ПЈД/ПКК која е поддржана од страна на САД.