Газа се соочува со пораст на гладот
- Дистрибуцијата на топол оброк привлекува голем број Палестинци, вклучувајќи и многу деца, кои чекаат во ред под жешкото сонце, за многумина можеби и единствениот оброк во денот

ГАЗА (АА) - Додека Газа се соочува со пораст на гладот поради нехуманата блокада што ја наметна Израел и поради немилосрдните геноцидни напади, добротворните организации во енклавата брзаат на населението да му дистрибуираат топол оброк, известува Анадолу.
Дистрибуцијата на топол оброк привлекува голем број Палестинци, вклучувајќи и многу деца, кои чекаат во ред под жешкото сонце, за многумина можеби и единствениот оброк во денот.
Кризата со наметнатата глад од страна на Израел се претвори во хуманитарна катастрофа од широк обем. Владината канцеларија за медиуми во Газа објави дека 1,2 милиони деца се соочуваат со „сериозна небезбедност во храната“, а најмалку 239 Палестинци, вклучувајќи 106 деца, починале од глад од октомври 2023 година.
Кризата во Појасот Газа се продлабочи откако Израел ги затвори сите премини во енклавата на 2 март, блокирајќи го влезот на хуманитарната помош и покрај тоа што камионите со помош чекаат на границата. Малата помош што е дозволена да влезе е далеку од доволна за да ги покрие потребите на населението.
Повеќе од 2 милиони Палестинци се исто така раселени речиси 2 години, збиени во засолништа и шатори каде што болестите се шират брзо.
Игнорирајќи ги меѓународните повици, израелската војска го продолжува својот геноцид во Газа од октомври 2023 година, убивајќи најмалку 61.800 Палестинци. Воената кампања ја опустоши енклавата и ја доведе на работ на глад.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во палестинската енклава.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.